ДРАГО ЈАНЧАР

Како романсиер, раскажувач, драматург и есеист, Драго Јанчар е централна фигура во современата словенечка литература. Неговото пишување ја открива уметничката моќ на формулирање и изразување идеи кои допираат многу подалеку од духовната и културната сфера на неговата родна земја што го прави најпреведуван словенечки писател. Неговите романи, есеи и раскази се преведени на 33 јазика и објавени во Европа, Азија и САД. Неговите драми се поставени и од голем број странски театри, додека дома често се сметаат за најважни моменти на словенечката театарска сезона.
Јанчар има добиено голем број словенечки и меѓународни книжевни награди, вклучувајќи ја и „Прешерновата награда“, највисоката словенечка награда за уметнички достигнувања за 1993 година; четири награди „Кресник“ за најдобар словенечки роман на годината за 1999, 2001, 2011 и 2018 година,
како и наградата „Кресник“ за најдобар роман на
деценијата во 2020 година; Европската награда за краток расказ, 1994 година; наградата „Хердер“, 2003 година; наградата „Жан Амери“, 2007 година; Европската награда за литература, 2011 година; Prix du Meilleur Livre Étranger, 2014; Меѓународна награда „Игнацио Силоне„, 2016 година; наградата „Стефан Митров Љубиша“, 2019 година; Австриската државна награда за европска литература, 2020 година; наградата „Милован Видаковиќ“, 2021 година.




ТАРИК ТУФАН

Тарик Туфан (роден во 1973 година во Истанбул) е познат романсиер, раскажувач, есеист и сценарист. Има објавено десет книги, вклучувајќи романи и збирки раскази. Неговите книги одат по овој редослед: Хор на деца кои пелтечат (2000), Болвите на кралицата (2002), И ти стануваш птица (2004), Сонот Мејал (2007), Еден човек влезе во градот трчајќи ( 2010), Сала за свадби Шанзелизе (2015), Не ми ги давај (2017), Додека паѓа (2018), Изгубени (2020), Доцна (2021), Нема простор за љубовници (2023).
Неговите книги се преведени на грчки, бугарски, босански, српски, македонски, албански, грузиски, арапски, азербејџански и романски јазик. Негова поема ќе биде објавена во САД во турска поетска антологија (2023). Продуцирал телевизиски и радиопрограми за различни радио и телевизиски канали. Покрај пишувањето написи и раскази за литературни списанија, тој пишува и документарни филмови и сценарија за играни филмови. Освоил награди за сценаријата што ги напишал за филмовите „Погрешна розарија“ на Меѓународниот филмски фестивал во Истанбул во 2009 година и „Јозгат блуз“на Меѓународниот филмски фестивал во Адана во 2013 година. Исто така, ја освоил „Специјалната награда на жирито“ на Филмскиот фестивал во Венеција во програмата „Хоризонти“, со филмот „Најава“ во кој учествувал како еден од продуцентите. Неговиот роман „Елисејска венчаница“ бил адаптиран во телевизиска серија.




ВЛАДИМИР ЛЕВЧЕВ

Владимир Левчев е бугарски поет, писател и вонреден професор по литература и пишување на Американскиот универзитет во Бугарија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Софија во 1982 година. Неговото незаконски печатено списание „Глас“ било забрането од страна на комунистичките власти пред ноември 1989 година. Тој добил Фулбрајтова стипендија во 1994 година, а магистрирал на програмата за креативно пишување на Американскиот универзитет во Вашингтон во 1996 година. 13 години престојувал и работел како лектор и професор по литература во САД. Објавил четири книги поезија во САД, една во Италија, една во Романија, една во Северна Македонија и 20 книги поезија во Бугарија. Тој е, исто така, автор на три романи и четири книги научно-стручна литературна проза, вклучително и една монографија со наслов „Поезија и музика: Четири квартети“ од Т.С. Елиот. Неговиот роман „Крали Марко: Балканскиот принц“ е преведен и на македонски јазик. Левчев е преведувач на Т.С. Елиот, Ален Гинсберг и на многу други поети, како и на Багавад Гита на бугарски јазик.




ДАНИЦА ВУКИЌЕВИЌ

Даница Вукиќевиќ дипломирала компаративна книжевност и теорија на литература и женски студии. Живее и работи во Белград. Нејзини објавени поетски книги: Како хотел на ветрот (1992); Кога слушнав гласови (1995); Шаманка (2001); Лак и стрела (2006); Премин од еден во друг вид (2007); Високи фабрички оџаци (2012); Раскош и милост (2013); Сè додека ги има Сонцето и Месечината, (2015); Јас, Клаудија (2018); одбрани песни „Кога ние, мртвите, се будиме“ (2014); книга поезија на германски јазик (превод Матијас Јакоб, избор и предговор Драгослав Дедовиќ) Шаман (2014); книги со кратка проза: На плажите (1998); Животот е горила (2000); збирката раскази „Мајката на превртените нешта“ (2017); романот „Внатрешно море“ (2022). Ги добила следните награди: ПроФемина; Билјана Јовановиќ; Милица Стојадиновиќ-Србинка; Кондирот на Косовка девојка; наградата НИН. Таа, исто така, пишува и книжевна критика и есеи. Нејзините песни се преведени на шпански, англиски, германски, полски, француски, грчки, македонски, холандски... Објавува во релевантни книжевни списанија и е застапена во бројни поетски и прозни антологии.




РЕНАТО БАРЕТИЌ

Ренато Баретиќ е новинар и писател кој од 1983 година живее исклучиво од пишување. Периодично работи како филмски и телевизиски сценарист, новинар. Коосновач, а од 2007 година е и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни Причигин во Сплит, Хрватска; Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели. Порано бил член на хрватскиот огранок на Менса (IQ 153), но бил исклучен поради нередовно плаќање на претплатата за членство. Баретиќ е оженет со Маја, татко на две деца, Катарина (родена 1997 г.) и Јаков (роден 2004 г.); Работел како асистент во магацин, помошник-сервисер на апарати за домаќинство, помошник-плочкар, агент за продажба, продавач на улична тезга и административен службеник во фабрика за текстилни машини.

Негови дела се:
- Последен допир (2021); Јадран Лазиќ - 50 години фотографија, (2021); Следи го срцето низводно, поетски есеи во монографија за хрватската област Сисачко-мославинска жупанија која претрпе последици од разорниот земјотрес во 2020 година, 2021 година.
- Одиме во кино, едукативен водич за училишта (2019); Маката на малиот волк, сликовница (2015); Сплит за почетници, во коавторство со Ивица Иванишевиќ (2015); Хотел Гранд, роман (2008); финалист на книжевните наградни конкурси на Саемот на книгата во Пула, на „Јутарњи лист“ и Т-портал за соодветната година; преведен и објавен во Украина, Словенија, Северна Македонија и Албанија, а објавен во оригинал во Србија;
- Зборувај ми за неа (2006); (полуфиналист на литературниот награден конкурс на Јутарњи лист за соодветната година); преведено и објавено во Украина и Македонија, се бара издавач во Италија;
- Кому да испратиме разгледници, собрани песни (2005); Кадрови на кадарот, (2005); Осмиот повереник (2003); (добитник на пет големи државни награди за белетристика за 2003 година и адаптиран за театар од страна на Хрватскиот народен театар во Сплит во 2006 година и од театарот Гавела во Загреб во 2013 година); досега продаден во повеќе од 25.000 примероци само во Хрватска; преведен и објавен во Украина, Македонија, Словенија, Германија, Франција и Русија; добитник на читателската награда на Институтот INALCO од Париз во 2017 година; исто така, во 2017 година влегол во финалето за награда од публиката на литературниот фестивал Litératures Européenes во Коњак, Франција); објавен во оригинал во Србија; филмот базиран на оваа книга (режисер: Иван Салај) беше хрватски кандидат за Оскар во 2019 година и истата година ја доби наградата за најдобро сценарио на филмскиот фестивал ФЕСТ (Белград, Србија).




СНЕЖАНА МЛАДЕНОВСКА АНЃЕЛКОВ

Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето магистер по уметности – област филмска и ТВ монтажа“ се стекнува во 2012 година.
Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и истата потоа доживеа уште три изданија.
Во 2014 година ја издаде филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски.
Како автор е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press.
Нејзиниот втор роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист на наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Нејзината најнова книга „Луѓето, а не градот“ (2022) е слоевито, хибридно дело, документарна проза, книга посветена на Скопје кое веќе го нема.
Младеновска Анѓелков го реализираше и едукативно-документарниот филм „Бела книга-женско писмо“(2023) за улогата на авторките во рамките на актуелната книжевна сцена и нивната застапеност во образовниот процес, но и колку авторките биле дел од канонот на македонската литература.




СЛОБОДАН ШИЈАН

Слободан Шијан (1946, Белград) е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Автор е на неколку најпопуларни српски играни филмови и низа публикации и книги за филмот и визуелната култура.
Автор е на поетската проза за познатиот филм на Алфред Хичкок „Вртоглавица“ во издание на „Геопоетика“. Објавил повеќе книги за филмот, меѓу кои и книгата за Џон Форд. Самиздат фанзинот “Филмски летак“ кој го издавал во текот на седумдесеттите, е објавен заедно со нови есеи за филмот во истоимената книгата „Филмски летак
(1976-1979) и коментари“, а за книгата „Кино Том“ во Хрватска во 2013 ја доби престижната награда на „Јутарњи лист“ за најдобра публицистичка книга.
Режисер е на некои од најпознатите филмови од Екс Југославија, како „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Како бев систематски уништуван од идиот“, „Давител против давител“, „Тајната на манастирската ракија“, „Сироти мали хрчки“ и „С.О.С Спасете ги нашите души“, како и на повеќе телевизиски филмови и преку дваесет експериментални филмови и видеа. Во периодот од 1990-91 бил директор на Југословенската кинотека во Белград. Слободан Шијан е добитник на многу домашни и меѓународни признанија за своите филмски остварувања.
Музејот на современата уметност во Белград во 2009 организирала изложба на неговите ликовни и мултимедијални дела под наслов „Слободан Шијан: Околу филмот“, која од Друштвото на историчарите на уметноста во Србија е прогласена за изложба на годината. Шијан ја доби и наградата Традиција на авангардата за допринес кон авангардната уметност. Шијан предавал филмска режија на Факултетот за драмски уметности и на Академијата за уметност во Белград, како и на Универзитетот Лолоја Меримаунт во Лос Анџелес и на угледната филмска школа при Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес.