„Скопје fellowship“ програма

Странски издавачки куќи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути - гости на ПРО-ЗА БАЛКАН. „Скопје fellowship“ програмата е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Фестивалот меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости, и продолжува со несмален интензитет. Целта на Фелоушип програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со нашата книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели странство, промоција на литературата, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот...





ОРОР ТУЈА

Орор Туја (Aurore Touya) (Париз, 1983) е уредник и координатор за странска литература во француската издавачка куќа Editions Gallimard. После студиите по француска и компаративна книжевност на École Normale Supérieure (Лион, 2003-2006), ја напишала својата магистерската теза на Универзитетот во Калифорнија (Беркли, 2007) и одбранила докторска теза по компаративна книжевност на Универзитетот во Сорбона („Полифоничниот роман во 20 век: Вилијам Фокнер, Тони Морисон, Алберт Коен, Л. Р. Де Форет, Хуан Рулфо, Марио Варгас Љоса и Роберто Болањо“, објавена од Classiques Garnier, Париз, 2015 година). Таа е рецензент и преведувач на изданијата на Кристијан Бургоа а преведувала
и филмски сценарија и романи од англиски, германски и шпански јазик. Од 2011 до 2016 година работела како уредничка на изданието Bibliothèque de la Pléiade во Галимар, а потоа се вработила во одделот за странска литература во истата куќа. Од 2019 година е уредник, задолжена за преводите од германски, холандски, од јазиците од Источна и Централна Европа, а од 2021 година ја координира и програмата на изданието Du Monde entier во Галимар, меѓународно издание кое во 2021 година наполни 90 години.







ПЕЛИН ЈИЛМАЗ

Пелин Јилмаз работи во издавачката група Ипсилон од 2019 година како менаџер за странски права. Нејзините главни одговорности во издавачката група се проектен менаџмент, корпоративна продажба и маркетинг. Од 2020 година е исклучиво одговорна за Одделот за права. Целта им е нивните книги да патуваат низ светот. Нивните наслови се преведени на многу јазици: англиски, француски, шпански, италијански, полски, словенечки, корејски, кинески, арапски, итн... Нејзината цел е да одржува одржлив однос со меѓународните издавачи и менаџерите за странски права.



















КАТЈА КАЦ

Катја Кац (1992) дипломирала на културолошките студии на Факултетот за општествени науки во Љубљана. Од 2012 до 2014 година, работела на музичкиот фестивал „Годибоди” како координатор за гости и уметници. Работела и на европската промоција на најголемиот словенечки фестивал
на отворено, Фестивалскиот пост од 2011 година. Во 2014 година била потпретседател, работела на грантови, односи
со јавност и промоција. Во 2013 година соработувала со Хуманиот центар за историја и култура на Источно-Централна Европа. Од јуни 2015 година работи во КУД Содобност Интернационал како проект-менаџер и менаџер за странски права. Од мај 2016 година, таа е вклучена во проектите Нашата мала библиотека (DG EAC го нарече проектот OLL како „успешна приказна“), Книгите ги поврзуваат световите
и Спремни за читање. Била проект-менаџер на проектот за соработка со ЕУ Нашата мала библиотека: Ајде да запознаеме детски автори и илустратори.










ВЛАДИСЛАВ БАЈАЦ

Владислав Бајац е роден во 1954 година во Србија. Студирал Општа и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград и работел како новинар и преведувач до 1993 година, кога ја основал издавачката куќа Геопоетика,
а од 2008 до 2010 година бил и потпретседател на српскиот ПЕН-центар. Бајац има напишано повеќе романи, збирки раскази, збирки поезија. Добитник е на многу светски
награди за своите дела. Двапати ја освојувал наградата на Итан – Меѓународен конкурс за хаику поезија во Токио, прво во 1991, а потоа и во 1993 година.
Меѓу неговите збирки со кратки раскази се Европа на грбот
на бикот, издадена во 1998 година, и Подметка за сништа, издадена во 1992, за која ја освоил и наградата Стеван Пешиќ за најдобра проза на годината. За Црна кутија издадена во 1993 година ја добил наградата Борислав Пекиќ, Друидот од Синдидун издадена во 1998 година е роман кој освоил две награди – Бранко Ќопиќ, која ја доделува Српската академија на науките и уметностите и Шести април. Неговиот четврт роман, Бегство од биографија бил добитник на Хит либрис, додека Европа експрес ја добил македонската наградата Златен прстен во 2003 година. Романот Амамот Балканија ја доби меѓународната награда Балканика за најдобра книга во 2008 година. Бајац е добитник на дваесетина релевантни награди и десетина номинации. Неговите дела се преведени на дваесетина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави.