ОЛИВЕРА НИКОЛОВА
Оливера Николова е родена во 1936 година, во Скопје.
Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија.
Пишува за деца и за возрасни.
Попознати дела за деца, меѓу дваесетината издадени, се: Зоки Поки, Земја во која не се стигнува (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), Пријателите Бон и Бона (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), Мојот звук (Награда 'Младо поколење',1978), Девојките на Марко, Љубоболки, Шифри на каменот, Преминот не е осветлен, Светлосна година, и други.
За специјални постигања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда.
Нејзини дела за возрасни се:
Книгите раскази: Ден за летување и Лева комора; комедијата Сребреното јаболко; книгата со драмски текстови под наслов Сребреното јаболкo; романите: Тесна врата (Награда 'Стале Попов',1983), Домашни задачи, Тромбот, (Награда Стале Попов 1998, којашто ја вратила), Адамовото ребро (Награда 'Рациново признание',2000), Вежби за Ибн Пајко, Куклите на Росица (награда 'Роман на годината' на Утрински весник, за 2004 год.), Белиот чад, Куќичка (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), Кадифената покривка - новелети за жени убијки (добитник на наградата 'Стале Попов' за 2015 г.), Пешаци по црни полиња и Песот со тажен поглед (награда 'Роман на годината' за 2019 год.).
РАЈКО ГРЛИЌ
Рајко Грлиќ е роден во 1947 година во Загреб, Хрватска, и дипломирал филмска режија на ФАМУ во Прага, Чешка, во 1971 година.
Како режисер и сценарист работел на единаесет филмови. Овие филмови се прикажуваа во кината на сите пет континенти, беа вклучени во натпреварувачките програми на водечките светски фестивали, од Кан до други, а добиле и бројни меѓународни награди.
Работел на пет играни филмови како сценарист и на пет како продуцент. Тој го напишал, режирал и продуцирал Како да го направиш твојот филм; Интерактивна филмска школа, кој бил прогласен за најдобар светски мултимедиум во 1998 година.
Тој е еминентен научник по филм на Универзитетот во Охајо, Атина, ОХ, САД.
ДАМИР КАРАКАШ
Дамир Каракаш е роден во 1967 година во село Плашчица кај Бриње во Лика. Неколку години работел во Загреб и Сплит како новинар, од 2001 година живее во Бордо, Франција, а од 2002 до 2007 година во Париз, каде што заработувал свирејќи на хармоника. Студирал француски јазик на Универзитетот Нова Сорбона во Париз. Изведувал перформанси и изложувал концептуални дела. Уште како тинејџер објавувал карикатури и цртежи во бројни весници во поранешна Југославија, а бил награден и со неколку награди за карикатура.
Објавил патописна книга Босанците се добри луѓе (1999), романот Комбетари (2000), збирка раскази Кино Лика (2001), романот Како влегов во Европа (2004), збирката раскази Ескими (2007), романот Прекрасно место за среќа (2009), збирката раскази Полковник Бетовен (2012), романот Сина месечина (2014), романот Сеќавањето на шумата (2016), романот Прослава (2019) и романот Свртница (2021) кој наесен ќе биде поставен на театарските штици во режија на Дино Мустафиќ, во ХНК Сплит.
Врз основа на книгата Кино Лика, режисерот Далибор Матаниќ сними истоимен филм, кој е добитник на повеќе награди во Хрватска и во странство, а наскоро романот Прослава во режија на Бруно Анковиќ, под менторство на оскаровецот Павел Павликовски, ќе може да го гледаме на големиот екран. Неговите драмски текстови се изведуваат во Хрватска и во странство (Гавела, ХНК Риека, Керемпух, ЗКМ...).
Добитник е на значајни домашни и странски книжевни награди (награда „Тпортал“ за најдобар роман, Фриц, Кочиќево перо, Меша Селимовиќ, Премио Итас...). Неговите дела се преведени на десетина јазици, а книгата Ескими е прв превод од хрватската литература на арапски. Од оваа година е застапена во лектири за осмо одделение и во лектири за трета година во гимназија. Татко е на три ќерки. Живее во Загреб.
БРОЊА ЖАКЕЉ
Броња Жакељ (1969) дипломирала на новинарство, но нејзината љубов кон пишувањето исчезнала некаде помеѓу редовите на написите во списанијата и редакциите на дневните весници. Првата работа ѝ била во областа на маркетингот, а денес работи во банкарството. Бидејќи во светот на финансиите нема многу простор за креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не била целосно заборавена, одлучила дека е време да ја напише својата прва книга. Бело се пере на деведесет ја освои наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината и од неговото објавување во 2018 година тој е препечатен безброј пати. До денес, продаден е во близу во 20.000 примероци и е преведен на бугарски, хрватски, македонски и италијански јазик, а претстои и српскиот превод.
ВЛАДИСЛАВ БАЈАЦ
Владислав Бајац е роден во 1954 година во Србија. Студирал Општа и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград и работел како новинар и преведувач до 1993 година, кога ја основал издавачката куќа Геопоетика, а од 2008 до 2010 година бил и потпретседател на српскиот ПЕН-центар. Бајац има напишано повеќе романи, збирки раскази, збирки поезија. Добитник е на многу светски награди за своите дела. Двапати ја освојувал наградата на Итан – Меѓународен конкурс за хаику поезија во Токио, прво во 1991, а потоа и во 1993 година.
Меѓу неговите збирки со кратки раскази се Европа на грбот на бикот, издадена во 1998 година, и Подметка за сништа, издадена во 1992, за која ја освоил и наградата Стеван Пешиќ за најдобра проза на годината. За Црна кутија издадена во 1993 година ја добил наградата Борислав Пекиќ, Друидот од Синдидун издадена во 1998 година е роман кој освоил две награди – Бранко Ќопиќ, која ја доделува Српската академија на науките и уметностите и Шести април. Неговиот четврт роман, Бегство од биографија бил добитник на Хит либрис, додека Европа експрес ја добил македонската наградата Златен прстен во 2003 година. Романот Амамот Балканија ја доби меѓународната награда Балканика за најдобра книга во 2008 година. Бајац е добитник на дваесетина релевантни награди и десетина номинации. Неговите дела се преведени на дваесетина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави.
ЕЛЕНА АЛЕКСИЕВА
Елена Алексиева е авторка на 15 книги, меѓу кои и на збирките раскази Читателската група 31, Кој и Синдикатот на домашните миленици, како и на романите Витезот, ѓаволот и смртта, Нобеловецот и други. Како драматург ги има добиено националните награди Аскеер и Икар, за нова бугарска драма, како и наградата на Друштвото на независни театарски критичари во Бугарија. Нејзините драми се собрани во два тома, Ангелски оган (2014) и Жртви на љубовта (2015). Добитничка е и на наградата Хеликон за модерна бугарска белетристика. Нејзиниот расказ Саемот за забава кој се појави во Hayden’s Ferry Review, беше номиниран за наградата Пушкарт.
Нејзините книги се преведени на француски, шпански, руски и српски јазик. Била соработник на бројни периодични публикации и антологии на англиски, француски, германски, полски итн. Романот на Елена Светиот волк (2019) е добитник на наградата - Роман на годината на Националниот фонд за донации „13 векови
Бугарија“ и на националната награда за белетристика „Перо“ на Националниот центар за книги.
Нејзината последна книга „Разбивањето на Самсара“, збирка раскази (2021 година), е добитник на националната награда за збирка раскази „Јордан Радичков“, како и на националната награда „Перо“. Живее во Софија каде работи како хонорарен преведувач и писател.
ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ
Томислав Османли (1956), драмски и сценарист, медиумски теоретичар, прозаист, филмски и театарски критичар, и есеист. Живее и работи во Скопје, Македонија. Автор е на околу триесет различни тематски книги.
Османли ги напишал првите книги во својата земја, посветени и на теоријата на седмата уметност (Филмот и политиката, 1981) и на деветтата (Стрипот – Светото писмо на човечката слика, 1987).
Неговите книги и раскази се преведени во Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Израел, Црна Гора, Египет, Франција, Белгија, Аргентина, САД.
Книгата со приказни за холокаустот и историските новели „Светилка за фестивалот на светлината“ на Османли ja добиле македонската национална книжевна награда „Прозни мајстори“.
Неговиот прв роман „Дваесет и првиот“ (2009) ја добил наградата за најдобар македонски роман во 2010 година, а истата година бил избран и за национален претставник на конкурсот за наградата „Балканика“.
Збирката раскази „Парадоксикон“ во 2020 година ја освоил „Рациновo признание“ за најдобра прозна книга.
За своето разновидно авторско творештво, Томислав Османли освоил многу уметнички, професионални и јавни награди.
ПИЈАН СЛАВЕЈ
Пијан Славеј (а.к.а. Бранислав Николов ) е музички перформер, автор и пејач во групата Фолтин. Роден е 1971г. во Битола.
Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар “Медена Земја”, интернационално наградуваните “Исцелител”, "Со Љубов", "Cash & Marry" и други.
Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата работа досега е повеќепати наградуван.
Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки ("Креветизам и хоризонтала", 2018 и "Срчки", 2020).
